Српската пејачка Гоца Тржан во последно врме е актуелна по својата емисија но и по борбата со неплодноста за која гласно зборува. Таа меѓу другото, во своето последно интервју се присети и на еден немил настан кој го доживеала додека настапувала.
– Тоа беше пред околу десет години. Пеев на микрофон на сталак, а во публиката имаше и селски мангупи кои стоеја пред бината. Еден од нив се фати за сталакот и микрофонот ме удри во забите. Се симнав и му реков: „Немој така, навистина нема потреба од тоа“, но тој продолжи да се смее и повторно се фати за него, еднаш или двапати – се присети Гоца за српски Курир, па додаде:
– Често носам високи потпетици, и тогаш носев. Додека неговите раце беа на сцената, во еден момент скокнав врз него, со двете нозе, со сета тежина на неговите прсти и дланки. Набрзо исчезна од публиката… Тоа што го направи беше крајно некултурно и непристојно, додаде Тржан.
Инаку многумина кои го познаваат нејзиниот темперамент знаат дека иако важи за мирна личност, кога се во прашање скандалите или непријатните ситуации таа воопшто нема страв, напротив, се бори како лавица, па затоа ретко кој сака да влезе со неа во конфликт. А овој немил настан е само еден во низата кои се случиле сите овие години откако настапува.