Во петокот, во Рим започна промо турнејата на новиот, а воедно и претпоследниот филм од хит франшизата „Брзи и Бесни“.
Ѕвездите од филмот се појавиле на црвениот тепих, а сите погледи биле насочени кон Шарлиз Терон и Бри Ларсон. Повеќето од дамите за премиерата на новото продолжение во Рим избрале заводливи црни фустани. Британската актерска легенда Хелен Мирен за оваа пригода одбрала златен долг фустан.