Мехмет Гунсур го глумеше принцот Мустафа во „Сулејман Величествениот“, а поради неговиот глас и стас ги освои жените ширум регионот.
Една од најуспешните турски серии досега, „Сулејман Величествениот“ беше исклучително популарна кај нас, а главните актери ги освоија срцата на публиката.
Покрај Мерјем Узерли и Халит Ергенч, кои ги толкуваа Султанија Хурем и султанот Сулејман, се истакна и принцот Мустафа, кој го игра Мехмет Гунсур.
Поради гласот, стасот и глумата ја освои публиката кај нас и долго време беше еден од омилените ликови на таа серија.
Мехмет е роден во Истанбул на 8 мај 1975 година. Пред да почне да глуми, работел како шанкер и модел.
Многу брзо го привлече вниманието на себе, и со својот изглед и со своите актерски способности.
Добитник е на бројни актерски награди, меѓу другите наградата за најперспективен актер во 1998 година на Интернационалниот филмски фестивал во Анкара за неговата улога во филмот „Хамам“ и во 2003 година специјална награда од жирито на престижниот турски фестивал во Анталија за глума во филмот „За Симда Аскер“.
Парот имаше три деца – Маја, Клои и Али, со кои Гунсур повеќе сака да го поминува слободното време, а во едно интервју истакна дека, кога не снима, ужива во тенис, трчање и читање.
На неговиот Инстаграм профил може да се види дека наскоро ќе започне серија на Disney+ наречена „Arayış“, па може да се каже дека светската јавност ќе го запознае величествениот талент на овој актер, додека тој се надева на холивудска кариера.