Пенелопе Круз шармираше на доделувањето на наградите „Давид ди Донатело“ во Рим.
49-годишната актерка зрачеше со шпанска убавина, во фламенко-стил, во точкеста креација од Долче и Габана.
Фустанот кој имал длабоко деколте во вид на В изрез, но и голем шлиц којшто се протегал до колковите, Пенелопе го искомбинира со црни сандали и голем црвен цвет на косата, а изгледот го финишираше со црвен кармин и маникир.