ЗАВИСНИСТА ОД ДРОГА ЈА УНИШТИЛА: Го довела телото до совршенство, но не може да ги сокрие трагите од стареење на лицето (ФОТО)

by Тони Зографски

Опсесијата со естетски операциине стивнува. Некои славни дами одат до тој степен што нивните лица стануваат непрепознатливи, а неретко и изобличени. Една од оние што според мислењето на многумина си го уништила лицето е британската актерка Даниела Вестбрук.

Се чини дека Даниела со естетските операции се обидува да ги скрие трагите што ѝ ги оставило консумирањето дрога. Имено, првпат пробала дрога кога имала само 14 години, а откако на 16 години добила улога во популарната ТВ-серија East Enders, почнала редовно да оди во клубови и да се опијанува.

Консумирала кокаин поради што останала без носниот септум, кој комплетно се распаднал од шмркањето кокаин.

Земав дрога и додека бев бремена. Се породив на подот од бањата, а кога започнаа контракциите, шмркав кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне“, раскажала таа во едно интервју.

И покрај тоа што била на одвикнување, не можела да се откаже, па постојано му се враќала на својот порок. Со текот на времето нејзината состојба станувала сè полоша, а и самата признала дека дрогирањето ѝ оставило големи последици.

„Ми се распаѓаат коските на лицето и непцата поради дрогата, но и поради лошо изведените пластични операции“, рекла таа во една пригода.

Последните фотографии што испливале во јавност се доказ за тоа дека лицето на Даниела е комплетно деформирано, додека ставата ја довела до совршенство. Многумина коментираат дека изгледа многу постаро, а има 49 години.

останати вести