Додека во јавноста се уште се зборува за свеченото крунисување на кралот Чарлс Трети и сите детали поврзани со церемонијата и односите во британското кралско семејство, фановите на неговата покојна поранешна сопруга Принцезата Дaјана не можат а да не се сеќаваат на неа.
Да испаднеше се поинаку, принцезата Дaјана денеска ќе беше кралица и ќе седнеше на тронот, што секако би ја задоволила британската и светската јавност и ќе го подобреше имиџот на кралското семејство.
Поради тоа што станува збор за според јавноста најомилената членка до сега и жената која ја нарекуваа Народна принцеза, англиската роза…
Сеќавањето на мајката на принцовите Вилијам и Хари не избледува ниту денес, повеќе од четврт век по нејзината смрт, а многумина се прашуваат како би изгледала Лејди Ди да останела меѓу нас.
Затоа многу уметници се обидоа да направат реалистичен портрет на Дајана како жена во шеесетите, а на официјалната страница на руското издание на магазинот Hello пред неколку дена се појави една таква слика.
Турскиот дигитален уметник Алпер Јесилташ неодамна создаде сличен портрет на принцезата Дајана како дел од неговиот проект „Како ништо да не се случило“.
Принцезата Дајана е родена на 1 јули 1961 година, што значи дека оваа година би го прославила својот 62 роденден. За жал, на крајот на август 1997 година, таа доживеа сообраќајна несреќа во тунел во Париз, додека се обидуваше да побегне од папараците со своето момче милијардерот Доди ал-Фајед, а потоа почина на 31 август во болница.