Виолета Лешчук, сопруга на голманот на Динамо од Москва Игор, проживува тешки денови. Наводно го затекнала сопругот во кревет со нејзина блиска пријателка, по што побарала развод од познатиот руски голман.
„Се соочив со ситуацијата која го преврте мојот свет наопаку. Предолго молчев. Се плашев, дури и се срамев да зборувам за оваа ситуација“, напишала Виолета на „Telegram“.
Виолета и Игор Лешчук заедно имаат две ќерки, а тој ја изневерил со нејзина пријателка. Поради сето тоа таа веднаш побарала развод.
„Си играше со моите деца, пиеше чај во мојот дом за мојот роденден, зборуваше со мојата мајка, но зад мој грб разговарала и правела одвратни работи со лицето кое ми беше најблиско. И тоа се случи пред сите! Нема ни најмал знак на емпатија. Нема. Не сум светица и не сум идеална, но барем сум верна“, додала Виолета.
„Ние веќе одамна сме во фаза на развод. Нема тука никаков скандал. Луѓето изнесуваат невистини и измислуваат причини. Одлуката ја донесовме поради нас“, порачал голманот.
Виолета порачала дека во иднина ќе биде повнимателна:
„Ако на првата средба за некого мислите дека е г*мно, во 90 проценти од случаите ќе бидете во право. Не можете да се лажете самите себе. Не пуштајте псевдо-девојки и псевдо-пријатели во вашиот дом. Не дозволувајте никој да влезе во вашето семејство додека не го мине тестот на времето. Не верувајте во лажна добрина, како што верував јас наивно. Сите разбираат за што и за кого зборувам. На светот веројатно има многу такви луѓе, но во моето семејство имаше првокласен пример“.