Наполи по 33 години ја освои шампионската титула во Серија А и во градот под Везув е вистинска еуфорија. Првата ноќ по освојувањето на „скудетото“ беше неверојатна, сите беа излезени на улиците на градот, а сега фокусот се насочува кон манекенката Рафаела Фико, која пред неколку месеци вети дека ќе изведе стриптиз и ќе се појави топлес доколку „наполитанците“ ја освојат титулата.
И откако Наполи дојде до првото „скудето“ по 33 години пауза, наполитанците не чекаа многу за да ја „нападнат“ со коментари по профилите на социјалните мрежи за да ја потсетат дека ветувањето треба да си го исполни.
„Вети дека ќе се соблечеш. Сега очекуваме ветувањето да го исполниш – соблекувај се гола“, се низата коментари кои навивачите на Наполи ѝ ги оставаа на Фико
Инаку, Рафаела Фико е позната италијанска манекенка и модел, која често беше во фудбалско друштво, имаше љубовни врски од Кристијано Роналдо до Марио Балотели, со кој има и ќерка Пиа.