Холивудската ѕвезда Кристина Еплгејт неодамна даде интервју за магазинот „Венити фер“ и откри колку е тешко да се живее со тешката болест, која „ѝ го преврте животот наопаку“.
Актерката, на која ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза во август 2021 година, беше принудена да се повлече од улогата во серијата на Нетфликс – „Dead to Me“.
За време на снимањето на третата и последна сезона на серијата, Еплгејт откри дека почнала да чувствува „болки во нозете и тресење“, што ја натерало да одвои малку време за да ги обработи вестите пред да се врати на работа за да го заврши снимањето.
„Ми недостига тоа искуство, но во исто време, бидејќи последниве две години беа вистинска борба, чувствувам олеснување што повеќе не морам да работам толку напорно за да го пребродам денот“, рекла таа.
Сепак, нешто што ѝ недостига од снимањето на серијата е нејзината колешка Линда Карделини, која ја глумеше Џуди во серијата.
„Тоа беше сознание на какво патување бевме ние две. Не само како овие ликови, туку и како две драги пријатели и актерски партнерки“, рече Еплгејт.
Потоа, новинарката Џесика Шо ѝ го поставила прашањето како се чувствува по двегодишното боледување, на што Еплгејт ѝ одговорила дека никогаш нема „добар ден“.
„Имаш само мали пос*ани денови. Луѓето делат ‘Па, зошто веќе не се тушираш?’. Па затоа што е застрашувачко. Можете да паднете, можете да се лизнете, нозете може да ви се стресат. Особено затоа што имам стаклен туш. За мене е страшно да влезам таму“, вели актерката.
Еплгејт додаде дека се бори со наједноставните задачи, вклучувајќи одење по скали и носење работи.
„Тоа е е*ено с*ање. Сè уште можам да возам автомобил на кратки растојанија. Можам да му донесам храна на моето дете“, рече таа.
Во февруари годинава, Еплгејт го имаше своето последно појавување на црвениот тепих.