Шантел Џефрис која е по занимање модел и инфлуенсерка била фотографирана пред неколку дена на плажа во Мајами во бикини кое совршено го истакнало нејзиното тело.
Атрактивната Шантел ги истакнала своите атрибути и ги украла сите погледи кај присутните на плажа каде папарацо фотографите редовно ја фотографирале.
Оваа атрактивна девојка ужива да го покажува своето тело, како на социјалните мрежи така и во јавноста, па и овојпат без никаков проблем „парадирала“ во минијатурното бикини, а бујните гради и задникот ѝ биле во прв план.
Инаку, Шантел стана позната во јавноста поради врската со успешните мажи. Во една прилика открила дека мажите без статус никогаш не ги зема предвид кога станува збор за љубовната врска.
Многумина се прашуваат во што е тајната на нејзиниот добар изглед, а таа во една прилика открила како изгледа нејзината рутина за вежбање и исхрана.
Шантел сака да вежба главно дома и прави вежби кои луѓето лесно можат да ги повторат. Таа сака нејзините тренинзи да бидат забавни, а не монотони. Активностите кои Шантел сака да ги прави се:
– Возење велосипед;
– Пливање;
– Возење ролери;
– Пешачење.
Покрај тоа таа секојдневно во домашни услови прави вежби за стомакот, задникот и грбот.
Шантел особено внимание обрнува на исхраната и намирниците кои ги внесува. Глутенот, млечните производи, црвеното месо и рафинираните шеќери се ограничени за Џефрис.
Таа консумира голема количина на овошје и зеленчук, а за појадок вообичаено јаде овесна каша. Исто така многу пие вода и се грижи да остане хидрирана. Хидратацијата има многу предности за телото, вклучувајќи го и спречувањето на прејадување и одржување на чист тен.
„Се трудам да стојам подалеку од шеќерите… Не јадам млечни производи или глутен затоа што сум алергична. Кога сум дома, секојпат кога ќе завршам со некој голем оброк, сакам долго да шетам. Тоа ми помага да ја сварам храната и да ја разбистрам главата“, изјавила во една прилика Шантел.