Кендал Џенер пристигнала на настанот „What Goes Around Comes Around“ во Њујорк во модна комбинација без градник, во прекрасен, проѕирен фустан со сини пердуви.
Проѕирниот фустан го искомбинирала со пар сини чизми кои исто така имале пердуви на нив. Џенер својот стајлинг го комплетирала со сина чанта од брендот „Chanel“.
Супермоделот на својот Инстаграм профил споделила неколку интересни фотографии, а под нив добила многубројни коментари од своите следбеници кои главно биле позитивни.
На Инстаграм коментарите како што кажавме главно биле позитивни, а меѓу нив имало и прашања: „Колку од луѓето ја зумирале фотографијата?“, како и „Дали таа знае дека фустанот е проѕирен?“, а имало и коментари во кои луѓето ѝ кажале дека ја сакаат.