Пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски, попознат како Џокер, вчера стапија во брак кажувајќи го судбоносното „да“.
Младата пејачка сподели неколку фотографии од фотосесијата со нејзиниот сопруг, а во описот на фотографиите напиша:
„30.4.2023. Официјално венчани“.
Антонија која воедно е и бремена, одлучила да носи тесна венчаница од чипка од дизајнерката Матеа Драгшиќ, а за шминката и фризурата се погрижил нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, фризерот и шминкер Даниел Николовски.