Ејми Дафи се повлече од јавноста во 2011 година, а неодамна откри дека со денови била затворена и дрогирана и силувана од непознато лице.
Токму кога ја објави песната „Mercy“ која стана нејзин најголем хит, познатата пејачка и добитничка на Греми, Ејми Дафи, реши да се повлече од очите на јавноста. Нејзиното исчезнување беше мистериозно со години бидејќи постигна неверојатен успех и преку ноќ стана најбараната ѕвезда.
Нејзината кариера беше во нагорна линија, а Ејми по неколку години реши да зборува за грозоморните детали од трагедијата низ која поминала и тоа на специфичен начин. Пејачката за овој настан напиша на својата веб-страница и социјалните мрежи.
Имено, Ејми била дрогирана и силувана, а дури неодамна собрала сили тоа јавно да го сподели. Како што вели, и требало долго време да го направи тоа.
– Не постои лесен начин да ви го кажам ова. Многумина од вас се прашуваат што ми се случи, каде и зошто исчезнав. Многу пати сум размислувала како да го напишам ова и како би се чувствувала потоа. Не сум сосема сигурна зошто чувствувам дека сега е вистинското време за тоа и дека зборувањето за тоа ќе ме ослободи. „Сигурно се прашувате зошто не избрав да го искористам гласот за да ја изразам мојата болка“, започнала Ејми.
– Не сакав да му ја покажам на светот мојата тага, не знаејќи како ќе пеам со скршено срце. Сепак, до сега постепено се зацели. Вистина е и ве молам верувајте дека сега сум безбедна и здрва. Ме силуваа, ме дрогираа и ме држеа во заробеништво неколку дена, но јас преживеав и ми требаше долго време да закрепнам – напишала таа.
Подоцна открила и што точно се случило.
– Ми беше роденден и бев дрогирана во ресторан, исто така, бев дрогирана и во следните четири недели. Не можам да се сетам на качувањето во авион и враќањето дома. Ме ставија во хотелска соба и ме силуваа“, напишала Дафи на својата веб-страница.
– Се сеќавам на болката и обидот да останам свесна по се што се случи. Бев заглавена со насилникот уште еден ден, тој не ме ни погледна, цело време одев зад него. Бев во полусон, нему на располагање.
– Размислував да побегнам во соседниот град додека тој спиеше, но немав пари и се плашев дека ќе испратат полиција поради бегство или дека ќе ме бараат како исчезнато лице. Не знам од каде имав сила да издржам се тие денови, но почувствував присуство на нешто што ми помогна да останам жива, додала таа.
– Се вратив со него со авион, останав максимално смирена и нормална во таа ситуација, а кога дојдов дома, седев запрепастена како зомби. Знаев дека мојот живот е во непосредна опасност, ми даде до знаење дека сака да ме убие. Ме дрогираше следните четири недели, не знам дали и тогаш ме силуваше, напишала меѓу другото.
Додала и како успеала да побегне и на крајот да отиде во полиција, но во текстот не го откри името на сторителот.