Ештен Емпајр (34), позната како двојничка на старлетата Ким Кардашијан и модел од ОнлиФенс (OnlyFans), починала по срцев удар кој го доживеала по пластична операција.
Некој му се јавил на семејството на Ештен во 4.30 часот и викал: „Ештен умира, Ештен умира!“.
Сега нејзиното семејство бара од сите кои ја познавале да донираат пари за нејзиниот погреб, бидејќи моментално немаат финансиски средства, пишува „Дејли мејл“.
За таа цел, семејството отвори страница на GoFundMe за собирање средства. Од средата попладне, GoFundMe собра 3.540 долари од својата цел од 40.000 долари.
Од девојката се простила и Мери Магдалена, една од најпознатите „зависнички од пластична хирургија“ во светот.
„Не ја познавам, но ја гледав на Инстаграм и си мислев дека е навистина убава. Тажно е што почина. Ттоа е толку страшно, секогаш постои тој страв од смртта“, навела таа.
Магдалена, исто така, ги предупредила другите за опасностите од пластичните операции и ги повикала обожавателите да „најдат добар лекар“ за да ја намалат можноста нешто да тргне наопаку.