Милионерот запуштен и стар со стомак до заби, а таа авион (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешната Плејбој зајачица Викторија Силвстед, која денес има 48 години, изгледа феноменално, а на нејзиното затегнато тело и завидуваат многу помлади жени. Сепак, она што и го „замеруваат“ е љубовната врска со милијардерот Морис Дабах.

Slika

Вообичаено е заљубениот пар често да поминува време заедно на плажа, а овој пат се фотографирани на југот на Франција. И покрај острите коментари од јавноста со кои често се среќаваат, парот покажа дека љубовта е пред се.

Viktorija Silvested, Viktorija Silvestedt
Повеќето коментираа дека воопшто не се компатибилни, бидејќи Викторија е две глави повисока од него, а и изгледа многу подобро. Никому не му е јасно зошто е во врска со него, а имаше коментари дека го трпи само за пари.
Viktorija Silvested, Viktorija Silvestedt

Атрактивната Швеѓанка никогаш не ја криела љубовта кон гламурозниот начин на живот, а познато е дека отсекогаш била во врски со богати и влијателни мажи. Многумина би помислиле дека парите се единственото нешто што ја одржувало Викторија со моќни мажи, но нејзината финансиска состојба секогаш била добра.

Викторија е поранешна Плејбој зајачица, а често била во друштво и на озлогласениот Хју Хефнер.

Viktorija Silvstedt, Viktorija Silvested

Да потсетиме, Викторија Силвстет е родена во селото Шелефтехамн во северниот дел на Шведска. Има постара сестра и помал брат. Во младоста, таа беше посветена на јавањето коњи и сакаше да стане ветеринар.

Нејзиниот татко бил капитен на локалниот скијачки тим, па таа почнала да скија на петгодишна возраст. Повредата на рамото здобиена за време на натпревар ставил крај на нејзината кариера на 16-годишна возраст. Викторија Силвстед течно зборува шведски, француски, англиски и италијански.

останати вести