Ќерката на музичката легенда Лајонел Ричи, Софија Ричи стапи во брак со својот партнер Елиот Грејџ на свадбена церемонија во луксузниот француски хотел „du Cap-Eden-Roc“.
Убавата 24-годишна манекенка била облечена во елегантен бел фустан со мониста, кој бил еден од трите фустани на „Шанел“ кои таа ги облекла за време на викендот. Младоженецот (30), кој е музички продуцент, пристигнал во црн смокинг и машна.
Софија и Елиот го изнајмија хотелот на една недела, а според странските медиуми, само за сместување платиле над милион долари.
Невестата за церемонијата носеше фустан од „Шанел“.
За време на свадбениот викенд, невестата сменила дури три рачно изработени фустани Шанел – освен венчаницата, имала и краток фустан за афтер-парти и поекстравагантен фустан за дочекот, ден пред свадбата. Целиот настан беше покриен од Vogue, а фактот дека непосредно пред венчавката невестата отворила профил на „Тик-ток“ каде ги споделила подготовките за венчавката, открива дека се било внимателно испланирано за сите погледи да бидат вперени во нив.
Софија пред венчавката ја прифатила еврејската религија за Елиот, а церемонијата ја извршил рабин. Листата на гости вклучувала милионери и милијардери и многу познати имиња од светот на шоу-бизот. Покрај постарата сестра на Софија, некогашната многу популарна Никол Ричи, таму беа и Парис Хилтон и Камерон Дијаз.
На свадбата биле присутни и бројни инфлуенсери и тиктокери, поради што на социјалните мрежи можеше сè да се следи, што е вистинска реткост за вакви ексклузивни свадби.