35-годишната Ријана која го очекува второто дете со партнерот Ејсап Роки, беше фотографирана додека го носеше во раце 11-месечното синче. За вечерното излегување во ресторанот „Cesar“ во Париз, славната музичарка беше облечена во тексас модна комбинација која ѝ го разголи пораснатото стомаче.
Се шпекулира дека пејачката очекува девојче, бидејќи беше фотографирана додека купуваше бебешка облека и разгледуваше розови парчиња.