Викторија Насирова (47), која живее во Њујорк, се обидела да ја убие својата козметичарка Олга Чиук во 2016 година давајќи ѝ парче чизкејк отруена со силни седативи.
Кога ѝ беше изречена казната, Насирова го опцу судијата во окружниот суд во Квинс.
Сепак, козметичарката преживеала, а кога се вратила од болница открила дека ѝ се украдени личните документи – пасошот и работната дозвола. Насирова и Чиук изгледале доста слично во моментот на обидот за убиство, бидејќи и двете имале темна коса и сличен тен и зборувале руски.
На денот на обидот за убиство, Насирова отишла во куќата Чиук со чизкејк. Таа сама изела две парчиња, а третото, отровно парче ѝ го понудила на тогаш 35-годишната жртва, пишува BBC.
Чиук изела парче торта и после тоа почнала да повраќа.
„Пред да се онесвести, последно сеќавање ѝ било како обвинетата се шета низ нејзината соба“, рече обвинителката Мелинда Кац за време на судењето.
Чиук беше пронајдена во несвест од нејзината пријателка следниот ден. Носела само долна облека, а околу неа биле расфрлани апчиња за да се остави впечаток дека се обидела да си го одземе животот.
Кога конечно се опоравила и се вратила дома, забележала дека ѝ недостасуваат украинскиот пасош и американската работна дозвола, заедно со накитот и околу 4.000 долари во кеш. Во остатоците од чизкејкот е откриен феназепам, силен седатив, а потврдено е дека и таблетите на подот се феназепам.
Ова не е првпат Насирова да има проблеми со законот. Во 2015 година, Интерпол издаде црвена потерница по неа за убиство на жена во Русија една година претходно.
Таа е обвинета за убиство на сосетката Ала Алексенко и кражба на нејзината животна заштеда. Насирова е обвинета и за дрогирање и ограбување на мажи кои ги запознавала на веб-страници за запознавање.