Кинеската акробатка по име Сан починала во саботата за време на настап во село во близина на градот Сужоу додека изведувала воздушни акробации со нејзиниот сопруг.
Таа била пренесена во болница, но починала од повредите, соопштија властите на округот Тонгкиао во понеделникот.
На видеото од несреќата се гледа како акробатката на голема висина го губи стисокот, го пушта сопругот, а потоа паѓа на подот на бината (немале заштитна мрежа). Нејзиниот сопруг се обидел да ја фати со нозете, но не успеал, пренесува CNN.
Настанот ја шокираше јавноста и многумина се запрашаа зошто жената не носела појас и зошто на земјата немало заштитна мрежа. „Овој вид на воздушни акробатски перформанси е навистина опасен. Барем ставете заштитна мрежа“, напишал еден корисник на кинеската социјална мрежа Weibo.