Рејчел МекАдамс сними фотосесија за списанието „Bustle“ за кое имаше специјално барање – фотографиите да бидат малку обработени за да ја прикажат во реално издание.
44-годишната актерка позираше во неколку креации, а погледи привлекуваат видливите влакна од нејзините пазуви.
„На оваа фотографија носам долна облека од латекс, а имам две деца. Ова е моето тело. Во ред е да изгледате најдобро и да работите на тоа да бидете здрави, но тоа е различно за секого“ – рекла МекАдамс.
Иако освои и пофалби за храброста, Рејчел доби многу негативни коментари.
„Грозно, влакната под пазуви никогаш не изгледаат добро“, „Смешно е што овие жени кои ги покажуваат влакната под пазувите, го депилираат секој друг дел од телото“ и „Претенциозно и непривлечно. Кого залажува дека е природна кога носи толку многу шминка? Ставила црвен кармин, молив за очи и сенка за очи – па дури и ги средила веѓите…“ – се дел од коментарите.