ПОРОДУВАЊЕТО НА 42 ГОДИНИ МЕ УНИШТИ: Адријана Лима проговори за својата најголема битка (ФОТО)

by Тони Зографски

Адријана Лима проговори за проблемите со кои се соочила по раѓањето на третото дете на 42-годишна возраст – синот Сијан.

“Раѓањето ме уништи. Секој ден е нова борба и секој ден морам да се потсетувам дека морам да го прифатам моето ново тело, но и да направам се што можам за да го доведам во ред што е можно поскоро”, изјавила манекенката. во интервју за „Пипл“.

„Чувствувам дека сум во транзиција и затоа вежбам напорно и се мачам секој ден, но секој ден учам нови работи за себе и моето тело во четириесеттите. И тоа е во ред, бидејќи телото различно реагира на истите дразби на различни возрасти“, додаде таа.

Инаку, Адријана има две ќерки од поранешниот брак, 12-годишната Валентина и 9-годишната Сијена, кои ги доби со српскиот кошаркар Марко Јариќ, од кој се разведе во 2016 година, по седум години брак.

Adrijana Lima

По разводот среќата повторно ја најде со Андре Лемерс, а во септември минатата година го добија синот Сијан.

останати вести