НАЈМНОГУ СТОЈАНОВСКИ ГИ ИМА ВО МАКЕДОНИЈА: Најчестите презимиња во Европа

by Тони Зографски

Доколку Американците, кои се презиваат Смит, формираат своја држава, тоа ќе биде 35. најнаселена сојузна држава на САД. Ова презиме неретко ќе го сретнете и во останатите држави од англиско говорно подрачје, но секоја држава си има свое најчесто и најдраго презиме меѓу луѓето, пишува „Пун куфер“.

Сосема очекувано, најчестото презиме во Македонија е Стојановски. Речиси секој од нас има по еден пријател или познаник кој се празива вака, зар не? Според статистиката, останатите најчести презимиња во Македонија се: Николовски, Јовановски, Петровски и Ивановски.

Но, кои презимиња доминираат во останатите европски држави? Прочитајте во продолжение.

Албанија – Хоџа, изведенка од персискиот збор „khawaja“, кој означува „господар“.

Андора – Гарсија, збор со шпанско или португалско потекло, кој означува „мечка“.

Австрија – Грубер, изведенка од германскиот збор „groube“ кој означува „дупка“. Се однесува на „лице кое живее во низините“.

Белорусија, Бугарија – Иванов, означува „син на Иван“.

Белгија – Питерс, изведенка од зборот „petrus“, кој означува „камен“ или „карпа“.

Босна и Херцеговина – Хоџиќ, слично како албанското презиме Хоџа и означува „син на господар“.

Кипар – Георгиу, означува „син на Георгиос“.

Црна Гора – Поповиќ, изведенка од зборот поп и означува „син на свештеник“.

Чешка – Новак, збор со словенско потекло, кој означува „дојденец“.

Данска – Јенсен, кратенка од „син на Јоханис“, а Јоханис значи „ Јехова ме благослови со син “, т.е. „благословено дете“.

Ерменија – Грегоријан, изведенка од грчкиот збор „gregorios“, што значи „буден“.

Естонија – Там, што во превод значи „даб“.

Финска – Корхонен, изведенка од зборот „korho“, што значи „глува личност“.

Франција – Мартин, изведенка од името Марс, бог на војната во римската митологија.

Германија, Швајцарија – Милер, означува „мелничар, оној што меле жито“.

Грција – Пападопулос, изведенка од зборовите „papas“, што значи „свештеник“, и „poulus“, што значи „син“. Во комбинација, ова презиме значи „син на свештеник“.

Холандија – Де Јонг, што во превод значи „млад“.

Хрватска – Хорват, презиме кое, буквално, означува – Хрват.

Унгарија – Наги, што во превод значи „голема или моќна личност“.

Исланд – Јонсдотир, означува „ќерка на Јон“.

Ирска – Марфи, доаѓа од галското име „O Murchadha“, што значи „потомок на морскиот воин“.

Италија – Роси, означува „личност со црвена коса и румено лице“.

Косово – Красниќи, изведенка која ги означува потомците на племето Красниќи од северот на Албанија.

Латвија – Берзинш, што во превод значи „оној што живее меѓу брезите“.

Лихтенштајн – Бихел, изведенка од германскиот збор за рид, а означува „оној што живее на ридот“.

Литванија – Казлаускас, означува „личност од Козлов“.

Луксембург – Шмит, слично на англиското презиме Смит, кое означува „лице кое работи со метал“.

Малта – Борг, што во превод значи „тврдина“.

Молдавија – Русу, означува „личност која потекнува од Русија“.

Монако – Роси, иако Роси во моментов е најчестото презиме со 89 жители , тие имаат голема конкуренција од луѓето со презимето Лоренцо, од кои моментално има 67.

Норвешка – Хансен, старонордиски збор што означува „луѓе кои измислуваат песни“.

Полска – Новак, збор со словенско потекло, кој означува „дојденец“.

Португалија – Силва, што во превод значи „лице кое доаѓа од грмушки“.

Романија – Попа, изведенка од романскиот збор за свештеник.

Сан Марино – Гасперони, потекнува од латинскиот збор „gasparus“, што означува „оној кој го чува богатството“.

Србија – Јовановиќ, означува „син на Јован“.

Словачка – Варга, доаѓа од унгарскиот збор за чевлар.

Словенија – Новак, збор со словенско потекло, кој означува „дојденец“.

Шпанија – Гарсија, збор со шпанско или португалско потекло, кој означува „мечка“.

Шведска – Андерсон, означува „син на Андерс“, а Андерс доаѓа од грчкиот збор „andreious“, што значи „мажествен“.

Турција – Јилмаз, што во превод значи „непопустлив, нефлексибилен“.

Украина – Мелник, руска верзија на презимето Милер – „оној што меле жито“ .

Велика Британија – Смит, означува „лице кое работи со метал“.

Ватикан – Бахман, дури четири лица во Ватикан го имаат тоа презиме.

останати вести