Тиктокерка по име Хејзел Мекбрајд открила дека нејзиниот сопруг е „вистински авион“ и дека често ѝ велат дека покрај него изгледа како грдото пајче.
„Кога другпат ќе видите неверојатно згоден маж со жена со просечен изглед?“, ги прашала Хејзел своите следбеници на ТикТок.
Многумина ѝ коментирале дека и таа е прекрасна.
„Не гледам жена со просечен изглед. Гледам две прекрасни личности“, гласел еден од коментарите.
Друг корисник додал:
„Можеби поважна му е внатрешната убавина од изгледот“, а на тоа Хејзел духовито одговорила:
„Можеби затоа што неговиот карактер е просечен, а јас сум совршена.“
Имено, често ѝ пишувале во коментари дека нејзиниот брак е лажен, дека Пол е геј, дека е како грдо пајче… По 4 години се навикнала на сите лоши коментари.
Хејзел открила дека многу е сигурна во себе и во својата врска. Таа и Пол се запознале пред повеќе од четири години додека таа работела на Тенерифе, а тој бил на годишен одмор.
Живеат во Холандија и планираат наскоро да основаат семејство, а се венчале минатата година.