Алесандра Амброзио е една од најуспешните манекенки денес, но ретко кој знае дека во детството имала естетска операција
Една од најуспешните манекенки на светот е Алесандра Амброзио, која беше една од познатите ангели на Victoria’s Secret.
Иако денес има 42 години и пред речиси пет години се повлече од модниот свет, убавата Бразилка и понатаму го одзема здивот со својот изглед.
Алесандра е родена во Ерешим во Бразил, на 11 април 1981 година. На само 8 години знаела дека ќе биде манекенка, откако ја видела Карен Мулдер на насловната страница на некој магазин.
Тогаш кажала: „Сакам да бидам како неа“. Се запишала на часови по манекенство на 12 години, а кога имала 14 години, се пласирала меѓу 20-те финалистки на избор за убавина во Бразил.
По победата на натпреварот „Избор на лице за Елит“, ја започнала својата кариера како модел.
Алесандра ги красела насловните страници на повеќе од 70 престижни модни магазини и секогаш завршува на листите за најубави жени во светот.
Сепак, згодната манекенка не била отсекогаш задоволна со својот изглед, дури и имала недостиг од самодоверба поради изразените клемпави уши.
Поради овој проблем, на само 11 години решила да направи пластична операција, но не поминало сè во најдобар ред, па Алесандра имала низа здравствени компликации.
Токму затоа, убавата манекенка никогаш веќе не се одлучила за друга естетска корекција, што ја прави една од ретките дами од светската јавна сцена кои можат да се пофалат со потполно природна убавина.
Алесандра, инаку, нема проблем да ги покаже своите несовршености, па иако многумина мислат дека манекенките немаат проблем со целулитот, таа го докажува спротивното. Амброзио со гордост ги покажува сите свои мани и нема потреба да се разубавува со помош на пластична хирургија.
Во 2005 година раскинала со моделот Марчело Балдрини кога го начекала како се бакнува со друга жена. Подоцна, била во врска со уредник на магазин, Стив Алејн, пред да почне да излегува со Џејми Мејзур.
Алесандра и калифорнискиот бизнисмен Џејми Мејзур на 24 август 2008 година го добиле своето прво дете, ќерка по име Ања Луиз Амброзио Мејзур, а во 2011 година, двојката го добила и синот Ноа. Сепак, нивната врска не траела, но поранешните партнери останале во добри односи поради децата.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret Алесандра Амброзио денес живее со полни гради, а веќе две години ужива со љубовникот Ричард Лием.