“НЕ БЕШЕ ЛЕСНО, НО ВРЕДЕШЕ“: Хилари Сванк на 48 години стана мајка на близначиња (ФОТО)

by Тони Зографски

Хилари Свонк и Филип Шнајдер станаа родители.

48-годишната актерка ја сподели среќната вест на Велигден и објави фотографија на која позира со близначињата. На неа, таа гледа во зајдисонце додека ги држи ќеркичката и синчето во рацете.

„Не беше лесно. Но, вредеше. Среќен Велигден! Постирам од чист Рај“ – напиша таа.

Славната Оскаровка објави дека е бремена во октомври минатата година додека гостуваше во емисијата „Good Morning America“.

Ѕвездата од „The Million Dollar Baby“ стапи во брак со Филип во 2018 година.

останати вести