Лаура Бенанти откри дека доживеала спонтан абортус за време на неодамнешниот настап.
Добитничката на наградата Тони сподели детали од искуството во емотивна објава на Инстаграм.
„Во понеделникот, на 3-ти април, настапив на сцената пред 2.000 луѓе. Абортирав. Знаев дека тоа се случува. Полека почна претходната вечер. Да беше нашата прва загуба, па дури и втората, веројатно немаше да направам да продолжат. Но, за жал, болката и празнината поради губењето на бременоста не ми се непознати.“
Таа им се заблагодари на публиката, на нејзиниот бенд и екипата, како и на пријателите и колегите кои се собраа околу неа.
„Благодарам на таа мала душа што ме избра за свој дом, барем за малку. Патрик и јас сме благодарни за семејството што го имаме и нашите две прекрасни девојчиња“, заклучила таа.
Инаку, Бенанти и нејзиниот сопруг Патрик Браун ги имаат ќерките Ела (6) и Луиза (9 месеци), кои ги добија со помош на сурогат мајка.