Дали некогаш сте сонувале за фонтана каде виното непрекинато тече? И уште подобро, потполно бесплатно?
Па, една италијанска винарија го претвори тој сон на многу љубители на убаво вино во реалност создавајќи ја „Фонтана дел Вино“ во градот Калдари ди Ортона, во регионот Абруцо.
Фонтаната се наоѓа на аџилакот „Cammino di San Tommaso“ (пат до Сан Томасо), кој ги поврзува градовите Рим и Ортона. Патниците поминуваат низ црквите и историските знаменитости за време на пешачката тура долга 113 километри.
Оваа пешачка тура завршува во базиликата „Сан Томазо Апостоло“, каде се наоѓаат посмртните останки на Исусовиот апостол. Во близина на градот Калдари ди Ортона, аџиите ја наоѓаат дополнителната мотивација што им е потребна за нивната прошетка, а тоа е познатата фонтана на вино.
Fontana del Vino е лансирана во 2016 година од винарската визба „Дора Сарсе“ и, според белешката на нивната Фејсбук страница, виното е начин за пречек на патниците и треба да се пие одговорно и умерено.