ПО ПЕТ ГОДИНИ ПАУЗА: Адријана Лима повторно е заштитно лице на „Викторија сикрет“ (ФОТО)

by Тони Зографски

По петгодишна пауза, светскиот топмодел Адријана Лима (41) повторно стана заштитно лице на „Викторија сикрет“.

Бразилската убавица им беше модел речиси 20 години, а веста за враќањето во друштвото ја потврди на Инстаграм.

„Повторно сме обединети и се чувствуваме толку добро“, рече таа заедно со кампањата за парфеми „Heavenly“ во чија главна улога е.

Манекенката претходно во изјава за странските медиуми изјави дека е возбудена што повторно ќе соработува со брендот.

„Да се ​​биде заштитно лице на оваа култна кампања е толку посебно. Мисијата на „Викторија сикрет“ е да ја слави секоја жена. Неверојатно е да се биде повторно на снимање“, рече Лима, пренесува „Пејџ сикс“.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com