Една од најпознатите светски манекенки, Алесандра Амбросио, уживала на плажа во Бразил, а од таму пристигнуваат и прекрасните фотографии во бикини кои го покажуваат нејзиниот реален изглед.
Алесандра, која за една седмица ќе наполни 42 години има исклучително витка линија на тело. Кога претходно беа објавени фотографии од неа во бикини, некои коментирале дека изгледа „доволно“ добро за еден супермодел истакнувајќи ги нејзините мали несовршености на телото кои од друга страна многумина не ги забележуваат.
Иако има разлика меѓу фотографиите од модните кампањи и овие, сепак тоа не е случај само со оваа манекенка, а за тоа е виновен Фотошопот.
Но, луѓето велат дека Алесандра изгледа прекрасно и надвор од камерите, дали и вие се согласувате со тоа?
Манекенката е родена во Бразил, нејзините родители се со полско и италијанско потекло. Кога на насловната страница на магазин ја видела Карен Мудлер и таа посакал да се занимава со манекенство.
Имала само 12 години кога тргнала да оди на часови по манекенство, а една година претходно имала пластична операција на ушите која потоа се искомплицирала, па таа не ни помислила на нови корекции што ја потврдува нејзината природна убавина. Овие детали ги раскажала во шоуто на Тајра Бенкс која ја нарекла иднина на светската мода.
Тајра умеела добро да процени, а меѓу најголемите успеси кај Алесандра Амбросио се вбројува и соработката со „Викторија Сикрет“. Таа беше „ангел“ на оваа модна куќа.