СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Мила Кунис и Ештон Кучер со двете деца на одмор во Венеција (ФОТО)

by Тони Зографски

Мила Кунис и Ештон Кучер уживаа на семејно патување во Венеција. Славниот пар беше уловен од папараците додека си разменуваше бакнежи и додека се возеше на гондола заедно со двете деца.

Холивудските актери се фотографираа со 8-годишната ќерка Вајат и 6-годишниот син Димитри додека се насладуваа на убавините на овој италијански град.

Иако се славни личности, Мила и Ештон се обидуваат да го зачуваат приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Но, понекогаш нивните семејни авантури не остануваат скриени од папараците.

останати вести