Американскиот модел Хајли Бибер неодамна на својот Инстаграм профил сподели провокативни фотографии на кои позира топлес додека на градите држи две половини од маракуја.
На овој начин таа го претстави новиот производ од сопствениот бренд Rhode – хранлив мелем за усни со вкус на маракуја, кој ќе излезе на 6 април.
Мелемот за усни не само што го претставила во костим за капење, туку избрала да носи и накит Jacquie Aichie 50 Diamond, кој се проценува дека вреди 10.750 долари, додека цената на балсамот што го рекламира е 16 американски долари.
Инаку, Хејли Бибер моментално е мета на критики за коментарите кои ѝ ги даде на Селена Гомез, која е поранешна девојка на нејзиниот сопруг Џастин Бибер.
Таа во последно време изгуби многу следбеници, а многумина ја прозиваат и поради оваа кампања, бидејќи полугола рекламира балсам за усни.