Џона Хил во новото издание се појавил во Мелбурн каде уживал додека сурфал. Фотографиите биле објавени набрзо по веста дека ѕвездата од филмот „21 Jump Street“ чека дете со вереницата Оливија Милар.
Хил во борбата со килограмите се впуштил во 2011 година, а во 2017 година одлучил да го победи вишокот од 18 килограми кои ги добил поради улогата во филмот „War Dogs“.
Како што раскажал во емисијата на Џими Фалон, го повикал колегата Ченинг Тејтум и го прашал дали ќе успее да ослабне со корекција на исхраната и вежбање, на што актерот му рекол дека тоа е наједноставната работа на светот.
Џона подоцна открил дека го повредувало тоа што го нарекувале „дебел“ на почетокот на неговата кариера, а во 2020 година раскажал дека 20 години се бори со анксиозноста која се влошила поради јавните настапи.
Актерот во емисијата на Елен Деџенерис зборувајќи за борбата со гојазноста, изјавил дека тој себеси се гледа како 14-годишно дете кое се обидува да се вклопи со другите, но поради изгледот не успева во тоа.
Како што времето поминува, Џона е сè послаб, а се надеваме дека сега конечно сфатил колку здравјето е всушност важно.