Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон повторно докажа дека е модна икона. Секое нејзино појавување на црвениот тепих е со беспрекорен стајлинг.Уште еднаш ја оправдала титулата една од најубаво облечените жени меѓу познатите ѕвезди.
Џенифер пред неколку дена блескала на премиерата на филмот во Лос Анџелес појавувајќи се во сребрен, мрежест мини-фустан којшто ги истакнал нејзините прекрасни нозе.
Добитничката на Златен глобус не отстапувала од својата веќе препознатлива боја на коса и фризура која била брановидна.
Во филмот таа повторно глумела заедно со својот колега Адам Сендлер (56) којшто исто така бил присутен на настанот со својата сопруга Џеки Сендлер (48).