Дуа Липа никогаш не се откажува од носење минијатурни бикини – а нејзиното последно ја покажува Хелоу Кити во полн сјај.
Пејачката сподели серија секси фотографии во хеклано бикини, кое се состои од црвено-бел долен дел со машна на Hello Kitty, како и лицето на ликот што ги покрива нејзините гради.
Hello Kitty бикинито, кое чини 325 долари – е од еден од омилените брендови на Липа, GCDS од Бруклин, кој е познат по плетените костими за капење.
„Живеење на остров“, напиша пејачката покрај фотосесијата, направена на Јамајка.
Пејачката која е родена во Лондон, на одмор обожава да носи необични плетени костими за капење.
Во август 2021 година, таа носеше бикини GCDS со слични ситни хеклани делови што се состојат од листови.