Алекс Рока е вистински пример за силна волја. Инспиративниот маж, кој има церебрална парализа, истрча цел маратон и испиша историја.
Тој е првата личност во светот со 76% инвалидитет кој успеал да истрча 42,195 километри.
Моментот кога ќе ја премине целната линија е неверојатен за него и за сите околу него.
„Чувствувам страст кон предизвиците. Сакам да пробувам нови работи. Со мојот пример сакам да им покажам на луѓето дека границите ги поставуваме ние како индивидуи“ – вели Алекс.
Кога имал шест месеци заболел од вирусен енцефалитис, церрален херпес, што му предизвикала да развие церебрална парализа. Има намалена подвижност на левата страна од телото и комуницира само преку знаковен јазик.
Алекс на 6-месечна возраст заболил од вирусен енцефалитис (церебрален херпес), болест која предизвикала тој да развие церебрална парализа.