Дека љубовта не знае за години доказ е девојката на Ал Пачино, Нур Алфалах, која е 53 години помлада од актерот. Младата Нур отсекогаш претпочитала постари мажи, поради што ја нарекле „ловец на геријатрија“.
Љубовната двојка неретко добива коментари дека изгледаат како дедо и внука сè додека не се бакнат, кога на сите им станува јасно каква е вистинската природа на нивниот однос.
Најмладиот љубовник на Нур Алфалах бил германскиот бизнисмен и милионер Николас Бергруен, кој за време на нивната врска имал 57 години, а таа имала 25. Наводно, таа го изневерила со младиот актер Еди Рот, но тоа биле само озборувања, без докази.
Пред Пачино, таа била во врска и со 92-годишниот Клинт Иствуд, кој не само што може да ѝ биде дедо, туку и прадедо. Во нејзиниот кревет спиел и познатиот музичар Мик Џегер, кој има „само“ 79 години.
„Моите години не се важни. Моето срце не знае што гледа, тоа знае само какво е чувството. Тоа беше мојата прва сериозна врска, но за мене тоа беше среќен период. Мик е во подобра форма од мене. Навистина го почитувам тоа што е толку дисциплиниран“, рекла Нур во едно интервју кога ја коментирала својата врска со пејачот.
Тогаш дури и некои нејзини пријатели коментирале за медиумите дека отсекогаш „сакала постара, млитава кожа, како и мирисот што го имаат старите луѓе“.
Како што објаснила Алфалах тогаш, таа е свесна за коментарите што ги предизвикува оваа врска, но додала дека нема зошто да се кае бидејќи со Мик Џегер создала спомени вредни за сеќавање.