„Денес му е роденден на мојот сопруг. Го почнав утрото со плачење“, вели сопругата на Брус Вилис во емотивно видео за неговиот 68-ми роденден. Деми Мур, пак, сподели емотивно видео на кое актерот е пресреќен додека семејството му пее роденденска песна пред да ги дувне свеќите.
На 19-ти март Брус Вилис го прослави 68-иот роденден, а Деми Мур сподели слатко видео од прославата во домашна атмосфера.
Сопругата на актерот, пак, сподели две видеа – едно со емотивен говор и едно со инсерти од нивниот заеднички живот.
Во видеото на Деми Мур, актерот е опкружен со неговото семејство кое му ја пее Happy Birthday.
Во првото видео од сопругата Ема Хеминг, таа зборува за актерот и предизвиците што ги носи неговата дијагноза.
„Денес му е роденден на мојот сопруг. Го почнав утрото со плачење, како што можете да познаете од моите отечени очи и растечен нос. Мислам дека е важно да ги видите сите страни на ова.
Секогаш добивам пораки или луѓето секогаш ми велат ’Многу си силна, не знам како успеваш‘. Немам избор. Посакувам да имав. Но, исто така се грижам за две деца. Па, некогаш во животот треба да се однесуваме како возрасни и да се фатиме за работа. И, јас го правам тоа.
Но, секој ден имам тажни моменти. Секој ден жалење. И, навистина го чувствувам тоа жалење денес, на неговиот роденден. Направив уште едно видео за роденденот на сопругот. Не знам зошто го правам кога видеата се како нож во моето срце.
Но, колку што го правам за мене, го правам и за вас. Бидејќи, знам колку вие го сакате мојот сопруг. Тоа ми значи многу, па ви благодарам“, вели таа.
Втората објава на Ема е спој од видеа од патувањата и најважните моменти од животот со Брус, како раѓањето на нивните деца и миговите со нив.
„Тој е чиста љубов. Многу е сакан. И секогаш ќе го сакам. Среќен роденден сладок мој. Мојата роденденска желба за Брус е да продолжете да се молите за него бидејќи неговата чувствителна душа го чувствува тоа.
Ви благодарам многу што го сакате и се грижите за него“, стои во описот.
Неговата сопруга Ема Хеминг (44) на видеото нежно го бакнува во образ и му подава торта – пита од тиква.
Деми и нејзиниот поранешен сопруг имаат три ќерки: Румер (34), Скаут (31) и Талула (29), кои се придружија на прославата со нивните партнери.
Роденденот на својот драг татко го прославија и двете ќерки на Брус и Ема – Мејбел (10) и Евелин (8).