Актерот Мајкл Џ. Фокс има Паркинсонова болест од 29-годишна возраст, а по прикажувањето на неговиот документарен филм „Still: A Michael J. Fox Movie“ на филмскиот фестивал South by Southwest (SXSW) во вторникот, опишал каков животот имал откако му била дијагностицирана болеста во 1991 година.
„Сожалувањето е бенигна форма на злоупотреба. Тие можат да ме сожалуваат, но јас немам време за тоа“, изјави ѕвездата на филмот „Back to the future“.
Со него на црвениот тепих прошетала и неговата партнерка Трејси Полан.
„Имам Паркинсонова болест, но имав добар живот, па ви благодарам за тоа“, продолжува тој, обраќајќи му се на Дејвис Гугенхајм, режисерот на „Still: Michael J. Fox Movie“.
Овој документарец го следи животот на Мајкл Џ. Фокс и неговата борба со болеста, а ќе биде објавен исклучиво на Apple TV, но сè уште не се знае датумот на објавување.
Мајкл ја основал Фондацијата Мајкл Џ. Фокс во 2000 година, за да финансира истражувачки програми за борба против Паркинсоновата болест. За фондацијата се собрани повеќе од 450 милиони долари. Неговата посветеност му донесе почесен Оскар минатиот ноември.
Славниот актер го најави своето конечно повлекување од светот на кинематографијата во 2020 година. Тој рече дека сака да ужива во остатокот од животот со своето семејство. Меѓутоа, тој се појави во една епизода од серијата „Експедиција: Назад во иднината“ во 2021 година.