Сандра Булок (58) се појави во јавноста по една година пауза. Актерката присуствуваше на забавата организирана по повод Оскарите.
Убавата актерка беше расположена, а поголемиот дел од времето на забавата го поминуваше во друштво на Деми Мур, но се фотографираше и со колегата Брендан Фрејзер кој го доби Оскарот за најдобра машка улога за филмот „Кит“.
Како што претходно открија блиски пријатели на Сандра, актерката решила да се одмори од снимањата и холивудскиот животен стил за да се посвети на своите деца Луис и Лајла и на своето момче Брајан Рандал.
Познатата 58-годишна оскаровка ги воодушеви сите со својот изглед во црна маичка со длабоко деколте, истакнувајќи ја нејзината витка линија.
Својот последен официјален јавен настап Сандра го имаше во март 2022 година, кога го промовираше својот најнов филм со Ченинг Тејтум, „Изгубениот град“.
„Каков камбек! Честитки за Брендан Фрејзер за Оскарот за најдобар актер за „Кит“, напиша Булок на Инстаграм.