Долгонајавуваниот концерт во Швајцарија на 11 март, на кој настапија повеќе наши популарни фолк пејачи заврши неславно, со масовна тепачка на гостите.
На видеото се гледа како голем број од гостите меѓусебно се удираат и туркаат, додека жени и деца бегаат, обидувајќи се да се тргнат од гужвата.
Која била причината за оваа тепачка, за „Фокус“ открива музичарот Кристијан Јованов.
„Ниту ние точно не знаеме зошто започна сѐ. Неофицијално, додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во чинија. Тоа е сѐ што знаеме, никој од нас музичарите не доби ќотек“, вели Јованов.
Целиот текст на следниот Линк.