Убавата актерка и режисерка Оливија Вајлднагодинешното доделување „Оскари“ се појави во црн кожен градник и во бел долг асиметричен фустан на едно рамо. Со својот необичен стајлинг си обезбедила место во центарот на вниманието на годинешната забава по повод доделувањето „Оскари“.
Го надополнила својот изглед со драматичен црн ајлајнер во комбинација со бледорозов кармин, распуштена брановидна коса и дијамантски ѓердан. Со овој изглед таа дефинитивно им го привлекла вниманието на многумина. Оливија носела Gabriella Hearst, дијаманти Boucheron и обувки Le Silla.
Коментарите на социјалните мрежи не стивнувале, а еден особено се истакнал:
„Одмаздничкото тело на Оливија Вајлд дошло до израз – тренинзите конечно се исплателе“.
Инаку, откако раскинала со Хери Стајлс, актерката не излегла од вежбалница. Папараците постојано ја фотографираат како излегува или влегува во вежбалница, со желба да го доведе телото до совршенство.
Оливија Вајлд периодов е позната во Холивуд како жената што оставила маж за момче. Имено, таа го оставила партнерот Џејсон Сујдекис, со кого била 9 години во врска и со кого има две деца, за младиот пејач Хери Стајлс. Пејачот ја „откачил“ актерката штом завршила промоцијата и премиерата на филмот „Не грижи се, драги“, на којшто работеле заедно.
Несреќната љубов, актерката и понатаму успешно ја лекува со вежбалница!