Поранешната тинејџерска ѕвезда Мејтланд Вард, која се прослави со улогата во хит серијата „Boy Meets World“, пред неколку години ја промени кариерата и се испроба во порно филмовите.
Всушност, сега успешната порно ѕвезда вели дека шоуто за награди на индустријата за филмови за возрасни, AVN, е далеку подобра од сѐ што нудат Оскарите.
Вард тврди дека луѓето кои гласаат за тоа кој ќе ги добие Оскарите се „премногу стари и неуки за моменталната состојба во филмскиот свет“. Исто така, 46-годишната Мејтланд истакнува дека овогодинешните номинации „уште еднаш го покажуваат недостатокот на различност“.
Од друга страна, Мејтленд вели дека порното е полно со женски режисерки и актерки од сите сфери на животот и мисли дека наградите AVN се „подобра работа“ за подобро разбирање на состојбата во филмската индустрија и „номинирање на најзаслужните кандидати, без политика“.
Оскарите од година во година губат гледачи, а Мејтленд има идеја како Оскарите би можеле да се спасат и да привлечат многу повеќе гледачи – наградуваната порно ѕвезда има идеја за нова категорија, односно сака да види некој да освои Оскар „за секс пред камера“.
Инаку, Мејтланд освоила седум AVN награди откако се приклучила на порно индустријата во 2019 година, вклучувајќи ја и овогодинешната за најдобра актерка.