Холувудската легенда Џин Хекман, покажа дека сѐ уште е во топ форма, работејќи во градината на неговиот ранч во Санта Фе, Њу Мексико, во неделата.
Актерот кој го прослави неговиот 93 роденден во јануари, изгледа здраво и во форма, додека работи со лопатата на неговиот приватен имот.
Претходно во текот на денот, двократниот добитник на Оскар, беше забележан во локалниот ресторан за брза храна „Вендис“ (Wendy’s), каде си купил оброк. Гладниот Хекмен го изел својот сендвич на паркингот на ресторанот, пред да наполни бензин на блиската бензиска пумпа.
Тоа беше ретко појавување на пензионираниот Хекман, кој во принцип е повлечен и не се појавува често во јавноста. Последен пат на филмското платно го гледавме во комедијата „Welcome to Mooseport“ од 2004 година.
И покрај тоа што е еден од најмоќните актери во Холивуд , со улоги во класичните филмови како „The French Connection“, „The Conversation“, „Superman“, „Hoosiers“ и „The Royal Tenenbaums“, Хекман долго време ги избегнуваше холувудските светла.
Таткото на три деца, кој со децении живее во Ново Мексико со сопругата пијанистка Бетси Аракава, Хекман се воздржуваше и од давање интервјуа, освен за Њујорк пост. Кон крајот на 2021 година, Хекман го даде своето прво интервју по една деценија, раскажувајќи за Њујорк пост за неговата „кариера на хитови и промашувања“.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.