„Шест дена до Оскарите има поплава во нашето студио. Пукна цевка. Најлошиот почеток на неделата досега“, напишал дизајнерот на својот Инстаграм профил во понеделникот, приложувајќи снимка на која се гледа поплавен работен простор и кутии со облека. Тој откри дека се исплашил за своите креации, но на крајот се покажало дека не се оштетени сите фустани, туку само некои од нив.
Тимот на Кристијано набрзо се преселиле во друго студио за да се обидат да ги рекреираат изгубените креации што е можно поскоро. Не се знае кои ѕвезди Кристијано требало да се облече за Оскарите. Во јануари на Златните глобуси неговите креации ги носеа Квинта Брансон, Анџела Басет, Били Портер и Никол Бајер.
Неговите креации често ги носат познати актерки и музичари како Лизо, Зендаја, Џенифер Лопез, Лејди Гага, Аријана Гранде и Карди Б.
Потсетуваме дека 95-тото доделување на Оскарите ќе се одржи во Лос Анџелес во театарот Долби на 12 март 2023 година. Водител на церемонијата ќе биде Џими Кимел.