Кеси Хант (37) е водителка на CNN и главен национален аналитичар, која планирала да го роди своето бебе со царски рез. Но, се чини дека нејзиното бебе имало други планови.
Како водителка, Кејси знае се за да остане смирена во неочекувана ситуација. Можеби токму поради оваа причина таа изгледа многу присебно, на фотографијата направена веднаш откако неочекувано се породила во бањата од нејзиниот дом.
Водечката аналитичарка на CNN сподели објава на Инстаграм во која го објави раѓањето на нејзиното второ дете. Според објавата, таа била породена од нејзиниот сопруг, дома, во бањата, 13 минути откако Кеси почнала да ги добива породилните болки.
„Мојот сопруг и јас сме воодушевени што можеме да ја претставиме нашата ќерка, Греј Хант Ривер, иако таа всушност сама се претстави. Пред да имаме време да се јавиме на 911 и 24 часа пред да се случи царскиот рез“.
Сликите од интимниот настан покажуваат дека Хант на подот во бањата ја држи ќерка си и гледа во камерата. На останатите фотографии се гледа целото семејство, како и слика каде новороденчето го гледа нејзиниот постар брат.
Ова е секако една од најхрабрите ситуации во животот на Кеси, но не и единствената. Имено, во октомври 2021 година и бил дијагностициран бениген тумор на мозокот, кој успешно бил отстранет.