Брус Вилис (67), првпат бил снимен во јавноста откако неговото семејство открило дека му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција.
На фотографиите кои ги направил „Daily Mail“, Брус Вилис може да го забележиме како шета со двајца пријатели во Санта Моника во Калифорнија. Актерот во таа прилика носел сива капа, син дуксер и црни панталони кои ги искомбинирал со црн часовник.
Во еден миг, актерот збунето погледна кон папараците и го одмина автомобилот, а едниот од пријателите го насочи кон него, по што актерот влезе внатре.
Видеото со Брус почнува од 38-ма секунда.
Неодамна, неговата сопруга сподели дека најмиле искусна терапевтка за деменција која им е од огромна помош во овој тежок период.
Подоцна и терапевтката даде комплимент за сопругата на актерот и нејзината грижа кон него.
„Ема завршила одлична работа со поддршката што му ја дава на Брус и создаде околина која му го овозможува она што му е потребно за да живее добро“.