Емир Кустурица вчера бил опериран во Институтот за ортопедија во Бањица, Белград, откако ја скршил ногата на Мокра Гора, дознава српски Курир.
Тој бил хоспитализиран вчера по скршеницата, а пред операцијата за Спутник открил дека се чувствува добро и дека повредата настанала затоа што се лизнал на скалите пред локалното кафуле.
– По авиони, хеликоптери, камиони, стотици илјади километри, 950 концерти и сѐ што ми се случило во животот, нема ништо пологично да се случи несреќа на важно и значајно место, отколку на обични скали.
Иронијата на животот е што на последното скалило од приодот кон кафеаната „Проклета авлија“ на Мокра Гора, се лизгам и десниот зглоб се врти за 180 степени. Стенкав од болка – објаснил режисерот и додаде дека не чувствувал силни болки и верува дека по операцијата полека ќе им се врати на секојдневните обврски и активности.