628
Тијана Дапчевиќ синоќа настапи на српскиот избор за песна на Евровизија, а за време на изјавата за медиумите се пошегува на своја сметка.
Новинарите ја прашале што би направила доколку победи на PZE23, а таа открила дека се обложила со сестра ѝ Тамара.
„Рековме дека ќе се ишишаме ќелави. Мене би ми стоело, на неа не. Кога Господ делел гради, јас сум била во веце“, изјави Тијана.
Инаку, во синоќешното полуфинале Тијана не успеа а се пласира во финалето на Беовизија. Таа ја изведе песната „Мамим“, а на сцената се појави во розов фустан со длабоко деколте.
