Кјара Ферањи која е препознатливо лице во сферата на модата и шоубизот, на модната ревија на Диор во Париз имаше забележителна улога.
Имено, Кјара беше гостинката задолжена за привлекување внимание и безумно штракање на блицевите пред самата ревија.
Оваа Италијанка пристигна на ревијата во препознатливите парчиња на Диор – црно, долго, драматично здолниште направено од црн, тежок сатен со висок шлиц, кое го комплетира со едноставна проѕирна маица, под која не носеше ништо!