Американската актерка и ѕвезда на серијата „Дадилката“ Фран Дрешер по долга медиумска пауза се појави на голем настан, доделувањето на наградите SAG во Лос Анџелес, со својот поранешен сопруг.
Фран и Питер заедно позираа на црвениот тепих, а за време на церемонијата се дружеа и покажаа колку се блиски и денес.
Фрaн се прослави пред 30 години благодарение на серијата „Nanny“ и заедно со поранешниот сопруг лансира голем број телевизиски проекти и идеи кои ѝ паднаа на памет. Иако денес ужива во затскриениот живот и максимално се држи подалеку од медиумите, сепак нејзината животна приказна многумина фасцинира.
Кариерата ја започнала како мисица, а многу рано го запозна својот иден сопруг Питер Марк Џејкобсон, со кого се омажи во 1978 година кога имаше само 21 година.
Но во 1996 година, нивната љубов заврши, а разводот беше финализиран во 1999 година. Питер Марк изјавил дека по долгиот брак сфатил дека е геј, а парот остана пријателски настроен и покрај брачниот бродолом и продолжија да соработуваат во бизнисот..
Нашата љубов е единствена, ретка и бескрајна. Освен кога тој е досаден, рече Френ еднаш за својот поранешен сопруг.
Додека биле во брак, заедно преживеале трауматично искуство. Имено, во 1985 година двајца разбојници упаднале во нивниот дом во Лос Анџелес. Додека едниот го ограбувал станот, другиот наизменично ги силувал Френ и нејзината пријателка додека им држел пиштол на главите. Сопругот на Френ бил претепан, врзан и принуден да биде сведок на ужасната сцена. Потоа, на актерката ѝ требале години да закрепнеи, а уште повеќе да зборува за тоа во јавноста.
Иако против се’ се бореше со позитивно размислување, тоа не ѝ помогна да не се разболи тешко. Во 2000 година, на Френ ѝ бил дијагностициран рак на грлото на матката. По операцијата и отстранувањето на матката, Френ била прогласена за потполно здрава, но никогаш немала деца и не се омажила по Питер Марк.